Некогашниот член на Битлси Пол Мекартни се вратил на сцената откако два месеци минал лекувајќи се од вирусна инфекција. Како што пренесуваат агенциите, легендарниот музичар, кој има 72 години, синоќа во Њујорк одржал концерт на кој извел пенси на Битлси, Вингс и од својата соло кариера. Мекартни поради вирусна инфекцијаво мај бил примен во болница во Токио кае требало да настапи во рамките на “Out There” турнејата. Болеста го приморала да ги откаже сите концерти во Азија.

Последниот концерт, пред да се разболи, го имал на 1 мај во Костарика. За време на настапот во Њујорк, кој го започнал со песната “Eight Days a Week”, Мекартни му оддал почест на Џон Ленон со нумерата “Here Today”, која ја опишал како разговор кој тие двајца никогаш не го имале, а со инструменталот му оддал признание на уште една рок легенда, Џим Хендрикс. Оваа година е полна активности за Пол Мекартни, кој зимоска прославил пет децении од почетокот на Битлманијата во САД. Славниот музичар ќе одржи 19 концерти во САД, вклучувајќи и еден во Сан Франциско, каде Билтси во 1966 година ја завршиле својата американска турнеја.