Сер Пол Мекартни, поранешниот член на „Битлси“, неодамна се оженил по трет пат. Својата трета сопруга Ненси Шевел ја одвел на меден месец на Карибите. Парот престојувал на приватниот остров Мистик, во вилата на Мик Џегер.
Овој остров е дестинација за богати и популарни клиенти. Пол таму е чест гостин, бидејќи ја сакал приватноста која ја нуди островот. Неколку дека престојувале во Старгревс, кај родителите на Ненси, а потоа пристигнале на Карибите во приватен авион. Раскошната вила на Џегер имала шест спални соби, батлер и готвач, како и базен и џакузи.