Најновиот проект на поранешниот член на Битлси, Пол Мекартни, бил компонирање музика за видео игра, во што ќе се испроба за прв пат. Таа игра ќе ја претстави неговата работа на цела една нова генерација, рекол Мекартни во интервју кое било објавено во германскиот дневен весник “Di Cajt”.
Сметал дека овој проект е многу возбудлив и дека една нова видео игра и од финанскиска гледна точка вредела повеќе од нов албум. Пол Мекартни, чии два нови албуми треба да се појават оваа година, рекол дека голем број млади деца преку играта за прв пат ќе ја слушнат неговата музика.