Поранешниот Битлс Пол Мекартни ќе се венча по трет пат и тоа овој месец во Лондон, во истата општина во која во 1969 година се оженил со својата прва сопруга, американскиот фотограф Линда Истман.
Музичарот кој има 69 години и неговата 18 години помлада вереница, њујоршката богаташка Ненси Севел, пред неколку дена поставиле известување во палатата Мерлибон, која е позната по венчавките на луѓето од светот на забавата, со што стекнале право да се венчаат во рок од 16 дена, што значи најдоцна до 30 септември. Пол Мекартни беше во брак со првата сопруга до нејзината смрт во 1998 година, а од втората сопруга, манекенката Хедер Милс се разведе во 2008 година.