Пол Мекартни и неговата сопруга Ненси Шевал летале со приватен хеликоптер „Ер Хародс“ кога пилотот изгубил контрола над леталото, ги допрел врвовите на дрвата на земјата и едвај успеал безбедно да го спушти хеликоптерот.
Пилотот контролата над леталото ја изгубил поради лошата видливост и лошите временски услови, а принудно слетал на една ливада. Мекартни и Ненси оделе на својот имот, а јавноста за инцидентот дознала дури откако била започната официјална истрага за овој инцидент, кој се случил пред неколку месеци.