Членовите на поранешната легендарна британска група Битлс, Пол Мекартни и Ринго Стар, кон крајот на јануари ќе бидат наградени за животно дело на доделувањето на наградите Греми. Сеуште не се знае што музичарите ќе свират на церемонијата, но нивното присуство секако ќе биде дел од загревањето на публиката на специјална вечера еден ден по доделувањето на наградите, на 27 јануари. таа специјална ноќ, која ќе ја пренесуваат телевизиите, ќе претставува обележување на 50 години од првиот телевизиски настап на Битлс во САД.
На таа вечера ќе има и други музички ѕвезди од американската сцена кои ќе изведуваат песни на легендарниот бенд. пол Мекартни, покрај оваа се наоѓа и во конкуренција за две греми награди, во категоријата за најдобра рокенрол песна со “Cut Me Some Slack”, и во категоријата за најдобра филмска песна во остварувањето “Live Kisses”. Мекартни веќе присуствувал на доделувањето на наградите Греми, а ова ќе биде прв настап за Ринго Стар.