Некогашниот член на популарната група Битлси, Пол Мекартни и неговата партнерка, американката Ненси Севел имаат намера да се венчаат во Лондон. Бртанските медиуми наведуваат дека славниот музичар припрема скромна церемонија, со присуство на најблиските членови на семејството.


По венчавката младенците ќе одлетаат во Њујорк каде ќе органзираат забава за пријателите и членовите на семејството на Ненси. Близок пријател на Пол изјавил дека тој многу ја сакал Ненси, но не сакал раскошна венчавка. Ова ќе му биде трет брак. Неговата прва сопруга Линда починала од рак во 1998 година, додека од втората сопруга Хедер Милс се развел во 2008 година.