Полскиот тениер Хуберт Хуркаќ е сензационален освојувач на титулата на Мастерс на турнирот во Мајами. Хуркаќ во финалето во Мајами го совлада младиот Италијанец Јаник Синера во два сетови со 7-6 односно 6-4.

Победата во финалето и освојувањето на третата титула во кариерата на Хуркаќ не е изненадување, туку патот до тронот и играта на Мастерс турнирот во Мајами. 24-годишниот полски тенисер во Мајами ги совлада Кудл, Шаповалов, Раониќ, Циципас и Рубљв, наговестувајќи дека е зрел за победа и нова титула во финалето.

Хуркаќ е прв тенисер од 2005 година кој победил на Мастерс турнир а не се наоѓа во топ 30 на АТП рејтинг листата. Последен ваков подвиг направил Томаш Бердих, кој славел против Иван Љубичиќ во финалето. Титулата на Хуркаќ ќе му донесе скок од 21 место на АТП листата. На следното рангирање ќе биде 16-ти, а пред турнирот во Мајами беше 37 пласиран.

OhridNews