Јакуб Котович е ветеринар од Полска кој за многумина стана херој оти патува ширум Украина и спасува животни најдени среде воените зони. Тој досега со три конвои спасил над 200 мачки и 60 кучиња од градот Лавов.
Јакуб (32) веќе 15 години има и добротворна организација за спасување животни, наречена „Фондација АДА“, па сега ја користи за да ги спаси погодените и настраданите во војната. Тој се надева дека ќе купи уште едно возило и ќе формира прифатилиште за животни покрај склад за храна. Раскажа и како две мачки веќе стигнале кај своите семејства кои се вон Украинa.
Сите домашни миленици се под голем стрес, патувањето од Лавов трае еден ден и границата ја минавме со дипломатска карта, но линијата од Украина беше многу долга, вели ветеринарот.
Тој раскажа и како луѓето доаѓаат кај него прашувајќи дали успеал да ги спаси и нивните миленици?
Ние ги подготвуваме животните за процесот на посвојување. Понекогаш оние кои се во многу лоша состојба ќе бидат со нас два или три месеци, додава тој.
OhridNews