Обвинителството за организиран криминал и корупција, до Кривичниот суд во Скопје достави обвинение против лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за случајот со примање поткуп, според кој тој се товари дека од струмички бизнисмен побарал 200 илјади евра.
Од Основниот суд Скопје 1 потврдуваат дека обвинението е примено во Судот и е дадено на оцена. Во моментов течат рокови за поднесување приговори во однос на предложениот обвинителен акт.
Заев се товари дека во 2013 година како градоначалник на Струмица на бизнисмен од овој град му побарал мито од 200 илјади евра за да се заврши легализација на земјиште.
Во овој случај немало примопредавање на пари и дека пријавувачот никогаш не му дал поткуп на Заев. Тој тврдеше дека цело време бил свесен дека лицето се обидува да го намести и поднесе кривична пријава против бизнисменот.
OhridNews
Извор:„Макфакс“