Меѓу другото, обвинителството го товари Рамковски, за основање на 24 фирми во Македонија и странство кои биле раководени од членовите на злосторничкото здружување и биле ставени во функција во зависност од потребите на членовите. Исто лице се појавувало како основач на повеќе фирми, управителите постојано се менувале. Според Обвинителството, доказ дека сите овие фирми биле меѓусебно поврзани говорел фактот што тројца од обвинетите биле овластени потписници за сите фирми. Според материјалните докази и превземените истражни мерки, една од фирмите во која имало тројца вработени на име изработка сценарија и режија за проекти и тоа документарни филмови, забавни, дебатни и контактни емисии до телевизијата доставиле фактури во износ од 3 милиони евра, кои биле книжени и за овој износ медиумот невистинито ги зголемил расходите и го одбегнал плаќањето на соодветни даноци. Според обвинението, исто така се исплаќале големи износи на име плати за вработените, главно во телевизијата, а притоа биле пријавувани на минимални износи на кои бил плаќан данок и придонеси, а во готово на новинарите и другите вработени им биле исплаќани многу поголеми износи, без да се плати данок за овие давачки.
Кривичниот Совет донесе решение со кое им го продолжува притворот на обвинетите од „Пајажина“, соопштуваат од Основниот суд Скопје 1. На деветмина од обвинетите им е продолжен притворот, на петмина им е продолжен куќниот притвор, а четворица се бараат потерница.
извор: Makfaks