Швајцарското обвинителство покрена истрага против сопственикот на Фудбалскиот клуб Пари Сент Жермен Насер ал Келафи поради манипулирање со телевизиски права.
Ал Келафи осомничен е за давање на мито и корупција во ФИФА. Тој е директор на телевизијата „Беин“ која ќе ги пренесува мечевите од Мундијалот кој се одржува во Катар, инаку родна земја на богатиот шеик. Во случајот на Ал Келафи замешан е и еден поранешен член во ФИФА, Жером Валке кој признал дека земал мито и корупција.
Ако се докаже дека телевизијата „Беин“ правата за емитување ги добила во нелегален избор, Ал Келафи ќе добие соодветна прекоршочна пријава и забрана за извршување на должност во фудбалот. Сигурно, санкцијата ќе важи и за ПСЖ кој неколку паати бил под лупата на ФИФА и УЕФА, но се извлекувал или пак избегнувал било каква санкција.
УЕФА му покажа заби на клубовите кои ќе ги прекршат правилата. Најдобро на своја кожа го осети Манчестер Сити кој доби двегодишна забрана за настап во Лигата на Шампиони и Лигата на Европа.
OhridNews