Рабинот Шмуел Рабинович кој го надзира ерусалимскиот Ѕид на Плачот рекл дека верниците на тоа место пронашле коверт со 507 чекови, од кои секој бил на сума од околу милион долари. Ковертот со чековите, од кој според рабинот, повеќето биле од Нигерија, не бил адресиран на никого, а неизвесно е дали ќе може чековите да се разменат.
Портпаролот на израелската полиција Мики Розенфелд рекол дека во ковертот имало и чекови од САД, Европа и Азија. Рабинот навел дека и претходно во кутијата за добротворни прилози покрај Ѕидот на Плачот биле порнаоѓани разни чекови, од кои ниту еден не можел да се размени. Според неговите зборови повеќето ги напишале луѓе од Африка.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com