Вториот ден од Охридско лето ќе биде во знакот на театарот.

Вечерва во 21 часот во предворјето на „Св. Софија“ ќе биде изведена претставата „Покондирена тиква“. Познатата комедија од српскиот автор Јован Стерија-Поповиќ ќе ја изведе ансамблот на Народно позориште од Белград, а во режија на Јагош Марковиќ.


Жена, која години провела во   со маж кој ја тепал и присилувал да работи напорно, останувајќи вдовица со    и желна за добрина, убавина и нежности, прави се за да    минатото и да и обезбеди индина на својата единствена ќерка, иднина потполно поинаква од таа што самата ја имала. Нејзината амбиција и нејзините намери суштински не се за осуда и со тоа таа и победува на крај. Добива зет кој “зборува“ француски и верува дека нејзината ќерка ќе живее подобро од нејзе. Комедијата е олицетворение на Среќата, вели Сузан Лангер во познатата студија Големи драмски форми, и со тоа Фема во оваа претстава е некој кој се радува кога му се “слави во куќата“.

Во претставата настапуваат Олга Одановиќ-Петровиќ, Хана Јовчиќ, Дарко Томовиќ, Јелена Хелц, Михаило Лаџевац, Алекандра Николиќ, Александар Среќковиќ и Бранислав Томашевиќ.

Ohridnews