Тренерот на Пари Сен-Жермен, Маурисио Покетино ги искажа впечатоците од натпреварот од 27. коло на Францускиот фудбалски шампионат против Ница.

ПСЖ загуби со 1:0 со гол примен во самиот финиш на дуелот одигран синоќа на теренот на Ница.

Многу сме разочарани што не победивме. Ја контролиравме играта, но не постигнавме гол, а кога играта е отворена, може да ве казант во последните минути. Затоа сме многу разочарани од резултатот. Мислам дека имаше позитивни елементи, но има и други кои треба да ги подобриме. Се разбира, натпреварот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите ќе биде поинаков, овие средби не се споредуваат, изјави Покетино, за официјалната веб-страница на клубот.

ПСЖ продолжува да води во табелата во Лига 1 со 62 бода. Ница е втора со 49.

Во среда ПСЖ му гостува на Реал Мадрид во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите. На првиот дуел францускиот тим победи со 1:0.

OhridNews