Англискиот премиерлигаш Тотенхем остана во игра за пласман во елиминациската фаза во Лигата на Шампиони победувајќи го Интер пред своите гледачи со минимален резултат (1-0). „Петлите“ во последната шеста рунда ќе имаат (не)возможна мисија против Барселона на Ноу Камп, додека Интер ќе го пречека ПСВ Ајндховен на „Џузепе Меаца“.

  • Ја почитувам Барселона која е една од најдобрите екипи во светот, но во фудбалот се  е можно. Ќе биде многу тешко, но ние веруваме во победа. Мора да покажеме игра на високо ниво и да ја оствариме нашата цел. – изјави менаџерот на Тотенхем, Маурицио Покетино.

Аргентинскиот стручњак не очекува никаква помош од Барселона. Каталонците го осигураа првото место во групата после победата над ПСВ 2-1 во Холандија.

  • Очекувам дека ќе истрчаат со најдобрите играчи и да играат најдобро. Не е возможно клуб со реноме како Барселона во Лигата на Шампиони да игра со втор тим, ако воопшто го има. Ние си имаме наши цели и ќе одиме таму да ги оствариме. – додаде Покетино.

Разврската во групата ќе биде позната на 11 декември, за кога е закажана шестата рунда во ЛШ.

OhridNews