Фудбалерите на Полска постигнаа по два голови во двете полувремињата и ја оправдаа улогата на фаворит во мечот со “црвено жолтите“. Во првиот дел прецизно во македонската мрежа стрелаа Павловски и Милик.
Во вторите 45 минути серијата погодоци ја продолжија Једрејнчик и Собота додека почесниот погодок за Македонија го постигна Дејан Блажевски во финишот на мечот.
Охриѓанецот Ристе Марковски во дебитанскиот натпревар во дресот на македонската репрезентација одигра солидни шеесет минути, а потоа беше заменет за Музафер Ејупи.
Со поразот од Полска македонската фудбалската селекција ги заврши натпреварите за 2012 година.