Продолжува победничкиот поход на охриѓани во првенството стигнувајќи до четвртата победа во серија.

Во Кавадарци, Билјана 006 беше посупешна од домашниот Нонаркон Балкан со 41-74.

Сета работа беше завршена во првото полуврме кога охриѓанки направија двоцифрена предност.

Високата предност  тренер – играчот Балазоска ја искористи да им даде шанса на помладите кошаркарки. Сите кои настпаија на мечот во Кавадарци успеаа да се запишат во листата на стрелци.

Билјана: Балазоска 15, Миладиноска 9, Ангелоска 9, Шикоска 2, Патчева 2, Булоска 8, Николовска 2, Кузеска 14, Рајчиноска 11, Горичан 2.

Во наредното коло охриѓанки гостуваат во Скопје кај Младинец.

М.П.