Охридскиот Амак СП стигна до 4 -та победа во исто толку наптревари во Првата Македонска кошаркарска лига. Во “Билјанини извори“ до 4 – та  победа охриѓани стигнаа совладувајќи го Пелистер со 72-65. Тврд и неизвесен наптревар одиграа екипите на АМАК и Пелистер, во кој ниту од една од  нив не успеа да направи опиплива предност. Подолгата клупа и мирната рака во финишот од мечот беа клучните фактори во победата на “езерџиите“.


 
Израмнето се играше во првиот период од мечот. Миниманлното водство се менуваше те на едната те на другата страна. Две мини серии го одбележаа вториот период, прво Фрај и Богоев прават серија 8-2 за предност 31-25, на домаќинот,  враќа тандемот Милковиќ – Талевски за водство на Пелистер 31-33, а во финишот Чубрило (23п, 15ск)  му носи предност  на домаќинот по првото полувреме од 39-33.

Бавниот старт на почетокот на третиот период на домаќините го користат “зелените“ кои  по шест минути игра израмнуваат на 46-46, игра кош за кош во која Богоев и константиот Чубрило ги одржуваат охриѓани во живот, кои во одбраната немаа решение за Талески (19 п , 8ск).


Играта на жица продолжи и во четвртиот период, домашните одиграа агресивно во одбрана предводени од Агоч (14 п, 8 ск),  а отпорот на битолчани го скрши В.Стојаноски кој првите поени ги постигна во 37 минута, притоа нанижа уште осум поени, серија која го одлучи победникот.

Амак Сп – Пелистер 72-65 (20-21, 19-12, 15-18, 18-14)

Амак Сп : Богоев (9п, 3 асс), Фрај (7 п, 5 асс), Стојанов, Софкоски (9п, 1 ск) Петровски, Трајковски, Д. Стојаноски (2 п, 1 ск), Чубрило (23п, 15 ск), В. Стојаноски (8п, 2 ск) Неделков, Агоч (14 п, 8 ск), Стефаноски.

М. Постоловски