Охриѓанецот Селман Реџеп освои најмногу први места кај сениорите во финалето на сениорскиот Куп на Македонија кое викендов се одржа на Градскиот стадион во Скопје

Селман триумфираше во дисциплините (трискок, далечина, височина и штафета 4 х 100 м.) Штафетата 4 x 100 во состав Цветковиќ, Павловски , Селман, Мирчевски патеката ја претрча за 45.88 сек. За триумф во дисциплината скок во височина доволни му беа 185 см. Во скок во далечина скокна 6.62 м , додека третопласираниот Славчо Мирчевски скокна 6.02 м.

Највредни резултати на натпреварот постигнаа Реџеп Селман од АК Охрид во дисциплината трискок со резултат од 15 метри и 17 сантиметри (958 бода според ИААФ таблици) и Ивана Рожман од 7-ми Мај во трката на 200 метри со резултат од 25 секунди и 2 десетинки, мерен рачно (972 бодови според ИААФ таблици).

Одлични резултати на финалето во женска конкуренција постигна Јулијана Вељаноска кој триумфираше во дициплините фрлања на диск и фрлања на ѓуле. Вељаноска дискот го фрли 31.15 м, додека ѓулето 9.87 м

Далибор Спасовски со четири први места го предовдеше АК Работнички од Скопје до првото место во екипна конкуренција кај сениорите, додека кај сениорките првото место им припадна на АК 3-Ноември од Прилеп. Севкупен победник е АК 7-ми Мај од Скопје.

М.П.