Висок пораз на селекцијата на Македонија до 19 на втората тест средба портив Црна Гора во Охрид.

Остсуството на неколку стандардни првотимци и неодговорната игра во одбраната беа одлучувачките моменти во високиот пораз на Македонија на втората тест средба против Црна Гора во Охрид.


Црногорската селекција на два пати во двете полувремиња ја погоди македонската мрежа. На самиот старт гостите подобро го отворија резултатот, а сите надежи за поволен резултат беа срушени по црвениот картон (втор жолт) на капитенот  Урдинов, кога од белата точка Весовиќ го удвои водството на гостите.


Десеткованиот македонскит тим добро се држеше се до финишот на мечот кога преку Булатовиќ и Ковачевиќ гостите ги поствија конечните 0-4.

М.П.