Македонските фудбалски репрезентативци одиграа натпревар без жар, без желба за надигрување и логично на тоа “лалињата“ до врв ја наполнаа нашата мрежа (4-0).


Единствено компактно делуваа “белите“ само во првите десет минути кого добро се движеаа на теренот. Не првата , него втората посериозна прилика Кајт ја претвори во водство (1-0). Нашите делува изгубено на теренот немаа решение за Робен, по чија асситенција, додуша случајна Хунтелар зголеми на 2-0. Доминатната слика на теренот „портокаловите“ ја комплетираа со третиот гол во мрежата на Пачоски втор на Кајт.


Најубавата прилика на мечот за почесен гол ја имаше Наумоски, но неговиот удар со глава заврши над голот. Покерот голови во нашата мрежа го постигна резервистот Ван Дер Варт во финишот на мечот.

М.П.