Во текот на месец октомври и ноември 2024 г. во координација и со поддршка на СВР Охрид, ТППЕ Охрид, ДЗС, ЦУК и Црвен крст Охрид, планирано е да се врши увежбување за примена на Оперативните планови за заштита и спасување и плановите за евакуација во основните и средните училишта во Охрид и Дебрца.
Во таа насока, а со цел да се подигне нивото на подготвеност и координираност за соодветно, навремено и ефикасно делување во случај на несреќи во понеделник, 07.10.2024 г. во СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ Охрид ќе се реализира показна вежба за евакуација и спасување според соодветно сценарио за случена елементарна непогода, во која сооодветно ќе делуваат и тимовите на СВР Охрид, ТППЕ Охрид, Здравствен дом Охрид, Црвен крст Охрид, како и службите на ЦУК и ДЗС, информираат од Црвен крст Охрид.
Вежбата, додаваат, е предвидено да започне во 9:30 часот.
OhridNews