Во рамките на своите активности за подготвеност и дејствување при несреќи, а со цел подигање на нивото на координираност и заедничко делување во случај на несреќи, Црвен крст Охрид во соработка со Центарот за управување со кризи, СВР Охрид, Службата за итна медицинска помош, Територијалната протпивпожарна бригада и Општина Охрид ќе реализира јавна показна вежба на евакуација на учениците и вработените во ОУ „Ванчо Николески“ во село Лескоец, при случена несреќа според соодветно сценарио.
Вежбата, воедно ќе биде и можност за проверка на подготвеноста и капацитетите на ОУ „Ванчо Николески“ за имплементацијата на планот за заштита, спасување и евакуација при несреќи во училиштето, што од страна на Црвен крст Охрид беше изготвен за потребите на училиштето во 2010 година.
Вежбата ќе се реализира утре со почеток во 9:30 часот. Сите заинтересирани, показната вежба ќе можат да ја следат од посебно обележен простор во кругот на училиштето, а жителите на село Лескоец се известуваат дека во четврток од 9:30-10:00 часот во реонот на училиштето ќе бидат користени сирени на противпожарните и амбулантски возила.
OhridNews