Црвениот крст на Република Македонија се приклучува кон прелиминарниот Апел објавен од страна на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина за помош на настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Непал во висина од 33.480.000 ЦХФ. Со оваа помош Националното друштво на Непал ќе биде помогнато да обезбеди помош и поддршка на 75.000 лица (15.000 семејства). Помошта е насочена кон интервентна потреба од здравствена и социјална грижа, интервентна потреба за сместување, поврзување на раздвоени семејства, институционална подготвеност на националното друштво и заедниците и намалување на ризиците. Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина првично интервенираше со помош во висина од 500.000 ЦХФ.
Заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат со обезбедување на парична помош на:
– Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданото население во Непал,
– како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 070 / 075 / 077 143 400.
Средствата можат да се донираат до 15 мај 2015 година и истите ќе бидат префрлени на Меѓународната федерација, за настраданото население во Непал.
OhridNews