Популарните Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер, двајцата изведувачи- виолончелисти од хрватската група „2 Cellos“ добија специјална покана од Холивуд да направат музика за последната сцена и одјавната шпица на новиот филм „Septembers of Shiraz“ во кој главните улоги ги толкуваат Адриен Броди и Салма Хајек.
Лука и Стјепан посебно за таа прилика ја издвоија својата авторска музичка нумера насловена „Lamento Libertad“.
Како што открива порталот Story.hr, eден од продуцентите на филмот е познатиот актер Жерард Батлер, а го режираше Вејн Блер.
Премиерата на трилерот ќе се одржи на 15 септември на филмскиот фестивал во Торонто, а Лука и Стјепан нема да може да присуствуваат затоа што во тој период ќе бидат на турнеја во Јужна Америка кога ќе го промовираат нивниот најнов албум Celloverse.
OhridNews
Извор:Story.hr