Стареењето не можеме да го избегнеме, но постојат начини да го забавиме. Ако се грижите за себе, своето тело и дух, ќе изгледате и ќе се чувствувате помладо.
Престанете со лошите навики како што се цигарите и алкохолот, затоа што лицето ќе ви дехидрира, по што следува губење на колагенот и појава на брчки.
Негувајте го вратот, рамената и рацете, бидејќи може да ги откријат вашите вистински години, и покрај тоа што лицето ви изгледа помладо.
Нанесувајте лосион за хидратација секој ден пред спиење, а наутро крем со заштитен фактор, бидејќи и сонцето дополнително ја оштетува кожата.
Задолжително отстранете ја шминката пред да одите на спиење и лицето исчистете го со тоник. Мијте се со ладна вода, никако со топла или млака и немојте да го триете лицето со пешкирот, само благо истапкајте.
За да спречите појава на брчки, треба да спиете 8 часа, но и да легнете во кревет час или два пред полноќ. Дополнително, избегнувајте спиење на страна или стомак, бидејќи наборите од перницата ќе се врежат во кожата, спијте на грб.
Нахранете го телото со антиоксиданти кои помагаат во борбата против слободните радикали кои предизвикуваат оштетувања на кожата. Јаболка, боровниици, црна чоколада, моркови, би требало да ви бидат во менито почесто.
Извор:zenstvena.com