Денеска во јавното претпријатие ” Охридски комуналец” се одржа прес-конференција на која директорот Боро Павлоски, најави дека проблемите со доверителите се решаваат преку разни активности и судски инстанци.

Павлоски најави дека од 10 февруари старите долгови кон доверителите се подмируваат  на поинаков начин.

“По 10 февруари, плаќањето на долговите на рати се замени со плаќање со остатокот на средства откако ќе се искористи бонусот средства за нормално функционирање на претпријатието”, рече Павлоски.

Тој кажа  дека од 27-ми овој месец  сметката на “Охридски комуналец” не е блокирана.

Вработените се уште не ја примиле платата за јануари, но првиот човек на претпријатието рече дека  очекува денеска или најдоцна утре, да  добие позитивно решение за да се проследат средствата до банката, а потоа и до вработените.

Ohridnews