Походот на Тетекс кон вториот трофеј во Купот на Македонија започна од Охрид. “Штофарите“ во првата рунда со убедливи 7-2 го совладаа Охрид 2004 и обезбедија пласман во второто коло.

Од тој натпревар тетовските сини ги нанижија Ренова во 1/4 финалето, Силекс во полуфиналето и големиот градски ривал Шкендија во финалето.

На тренерската позиција беше Драган Сетинов, потоа го наследи Ѓорги Тодоровски – Џони, а во финалето и на крајот од сезона ги предводеше Горазд Михајлов.

Седумте погодоци во Охрид за Тетекс ги постигнаа четири фудбалери. Напаѓачот Мариќ постигна хет трик, Јованоски беше прецизен два пати, а по еднаш Смоковски и Салиу за охридскиот состав головите ги реализираа Бакулески и Далчев.

Мх.П.