Британецот Џон Брендрик се наоѓа пред банкротирање, а сето тоа заради погрешна лекарска дијагноза. Имено, докторите на Џон му дијагностицирале рак и му рекле дека има уште најмногу една година живот.

Овој се помирил со судбината и одлучил остатокот од животот да го помине во уживање. Ја продал колата, дал отказ од работа, престанал да ги плаќа ратите за куќата и почнал да ги троши парите на скапи вечери и проводи.

Ја продал и сета своја облека освен оделото во кое требало да биде закопан. После година дена, отишол в болница и било утврдено- дека никогаш и немал рак.

Во 2005 Брандрик се пожалил на болки во стомакот, било утврдено дека има тумор на панкреасот долг 5 цм и дека има уште 12 месеци живот.

Сега, после добрата вест, Џон мора да ги реши финансиските проблеми. По се изгледа ќе мора да ја продаде куќата вредна 280.000 фунти, а се спрема да ја тужи болницата. Болницата пак тврди дека по тогашните наоди, секој би поставил таква дијагноза, јавува Дејли Меил.

С.К.