Оги овој пат со многу уникатната Мила, што многу мина велат дека потсеќа на светски позната Селин Дион направи композиција под наслов “ПОГРЕШНО МЕСТО”. Девојката, која стигна до финале на М2 пред точно 2 и пол години, постигна огромни успеси на М2 и конечно почна посериозно да го користи својот гласовен талент во музиката и се посвети на неа. Од друга страна, младиот артист Оги кој е РНБ изведувач со премногу талент моментално на студии во Њујорк “Големото јаболко”, се одлучи да направи интересен дует со финалистката која живее во Охрид.


Сето ова го овозможи и на еден начин состави, Даниел Јовески, младиот продуцент со светла иднина кој одлично соработува со Оги веќе некое време. Даниел, исто така, е комплетен автор на песната “Генгста оро” која беше кандидат на Евросонг за да ја претставува Македонија на Евровизија во Москва.

Дуетот на Оги и Мила под наслов “Погрешно место” е РНБ модерен стил која сигурно ќе го задоволи вашиот вкус. Па слушнете и уживајте: