Во Германија, во која хронично има недостаток од медицински персонал, во болниците работат повеќе од 32 илјади странски лекари, но непознавањето на јазикот е голем проблем, поради кој тие често поставуваат погрешни дијагнози. Советничката во организацијата за заштита на пациентите, Андреа Странишевски, која и самата го искусила проблемот со непознавање на јазикот, вели дека често се сретнува со пациенти кои во болниците доживеале непријатности, бидејќи се чувствувале несватено и често имале впечаток дека лекарот не ги разбира.


Разговорите помеѓу лекарите и пациентите често мораат да бидат преведувани, па поради недостатокот на комуникација се случува дијагнозите да бидат донесени предоцна. Таткото на Станишевкси, кој болувал од рак на дебелото црево, ноќта пред операцијата посетил лекар, но наместо смирувачки разговор и припреми за тешката операција, лекарот со странско потекло му дал документи на кои биле објаснети ризиците од операцијата и на лош германски јазик му рекол дека тоа се ризиците и дека треба да потпише. На лекарите во Германија неопходно е да им се овозможи брзо учење на германскиот јазик. Но, иако со овие проблеми се запознати повеќе министерства, состојбата е се поалармантна.