Погребот на британската пејачка Ејми Вајнхаус ќе биде денеска, а на него ќе присуствуваат само семејството и блиските пријатели, наведе портпаролот на семејството.

Тој додаде дека времето и местото на погребот на пејачката нема да бидат јавно соопштени.

Ејми Вајнхаус беше пронајдена мртва во саботата во својот стан во северен Лондон. Таа со години се бореше против зависноста од дрога и алкохол.


Вчера објавената аутопсија во Лондон не ја утврди причината за смртта на Ејми, а полицијата најави дека ќе бидат спроведени и токсиколошки анализи чии резултати се очекуваат за две до четири недели.

Полицијата соопшти дека смртта на пејачката ја смета за „неразјаснета“, но не и сомнителна, со оценка дека невкусни се претпоставките дека Ејми Вајнхаус умрела од преголема доза дрога.

ОhridNews
извор: „Макфакс“