Трагично загинатата пејачка Ксенија Пајчин погребана е на Новите гробишта во Белград. Починатата ѕвезда ја испратиле неколку илјади луѓе, а мајката Љубица, таткото Мирко и останатите членови на семејството повеќе од еден час примале сочувства. На погребот се видени бројни јавни личности, како Ана Николиќ, Индира Радиќ, Нада Топчагиќ, и многу други.


Семејството барало на погребот оркестарот да свири “Болеро“, а посмртниот говор го одржала другарката на Ксенија, Весна. Несудениот кум на пејачката, Бане Девиќ, многу бил потресен, а луѓето постојано плачеле. На погребот на пејачката не присуствувал никој од семејството Каписода.