Креаторката и девојка на Мик Џегер, Лорен Скот, погребана е во вторникот попладне на познатите гробишта во Лос Анџелес „Холивуд засекогаш“. На погребот присуствувале околу 70 лица, а една третина биле од семејството на Џегер. Традиционалната фолк песна „Will the circle be unbroken“ ја отпеал пратечкиот вокал на Ролингстоунс Бернард Фаулер, додека на гитара го следел Дејв Стјуарт од Јуритмикс.

Медиумите јавуваат дека Мик бил водно нервозен додека го држел прошталниот говор. Од Лорен со многу солзи се простиле нејзиниот постар брат Ренди Бамброу. Ќерката на Мик, Карис, како и актерката Елен Баркин читале поеми, додека втората ќерка на Џегер Џејд и внуците Мејзи и Зак читале псалми. Ќерката на Бамброу Хана читала сонета од Шелспир. Погребот бил затворен за јавноста, а црните лимузини ги довезувале ожалостените до белиот шатор, од кој ништо не се гледало.