Борецот против апартхејдот и првиот црн претседател на Јужна Африка, Нелсон Мандела, беше погребан денеска во своето родно место Куну.По официјалната церемонија на простување, ковчегот со посмртните останки го презеде неговото семејство за да се изврши погреб по традицијата на племето Коса во гробницата на семејниот имот во селото Куну. На барање на семејството на ритуалниот погреб присуствувале неколку стотини лица.

Церемонијата почна со испалување на 21 плотуни, а ковчегот на Мандела беше обиколен со 95 свеќи, колку што имаше години.

На свечената церемонија присуствуваа 4 500 лица, меѓу кои роднини и политички претставници на Јужна Африка, високи гости од целиот свет меѓу кои принцот Чарлс, принцот Алберт втори, американскиот борец за човекови права Џеси Џексон,ТВ ѕвездата Опра Винфри и милијардерот Ричард Бренсон.

Мандела беше претседател на Јужна Африка од 1994 до 1999 година. Од јавниот живот се повлече во 2004 со реченицата која долго се памети: Не ме барајте вие мене, ќе ве побарам јас вас.

Пред погребот ковчегот 3 дена беше изложен во Преторија, кога од Мандела се простија и му се поклонија 100 000 луѓе.

OhridNews

извор:Канал 5