Една интернет аптека од Полска, во кампањата која има за цел да пронајде соодветен слоган за услугите, понудила како награда и погреб во вредност од 550 евра, но само ако добитникот побрза и умре во рок од една година.
Страната miniapteka.pl за внимание od полјаците на интернет се изборила, благо речено, со необичен натпревар за најдобар слоган. Имено, авторот на најдобра реченица за награда може да добие бела техника, ваучер за лекување, свадбена свеченост, но и погреб.
Единствен проблем е тоа дека ваучерите важат до крајот на 2009 година, па добитниците кои нема да ги искористат до тогаш ќе останат без награда, а тоа важи и за погребот.
Против таквата промотивна кампања се огласила регионалната лекарска комора нарекувајќи ја неморална.
Полјаците во последно време се помасовно купуваат на интернет и тоа пред се поради цените кои се пониски отколку во продавниците.