– Од податоците што се извршени со службените контроли процентот на ресторани кои го примениле ХАСАП системот во Охрид е поголем од 90 %, велат од Дирекцијата за храна.
И покрај тоа, при службените контроли кои Дирекцијата ги извршила во изминатиот период во 40% од случаите кои што вршат угостителска дејност во Охрид се откриени остапувања од пропишаните барања со закон кој што треба да ги исполнат правните субјекти. При отстапувања во објектите прекршоците што се направени се категоризирани како мали, средни и сериозни прекршоци од страна на Државните инспектори за храна.
Редовните контроли од страна на Дирекцијата за храна ќе продолжат редовно да се извршуваат и во текот на наредниот период.