Националната установа-Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид за програмските активности во тековната 2022 година од Министертвото на култура ги доби најголем дел од побараните средства за реализација на нашите проекти, информираат од установата.

Споредбено со минатата година и сите предходни оваа 2022 година програмскиот буџет ќе биде поголем од минатата година, поточно НУЦК „Григор Прличев“-Охрид ќе располага со околу 4 700 000 денари. За „Прличевите Беседи“ се одобрени 180 000 денари, иста сума како и минатата година, а за организација на „Балканскиот фестивал“  1 000 000 денари од програмата за културно-уметнички манифестации, велат од Центарот за култура.

Истакнуваат дека Драмската дејност е подржана со 3 проекти односно еден повеќе од минатата година. Охридската публика ќе има можност да ги погледнат претставите „Село без вампири“ во режија на Ѓорги Ризевски, „Енергични луге“ во режија Александар Иваноски како и „Секс и Љубомора“ во режија на мајсторот за комедии Коле Ангеловски. За реализација на трите проекти издвоени се 2.500 000 денари.

Како и минатите години Министерството за култура, но овој пат со зголемен буџет, ги финансира сценско-музичките и фолклорни дејности, поточно работата на Градскиот хор со 150 000 денари и ФА „Бисери“ со 125 000 денари, „Охридските староградски средби“ со 200 000 денари. Програма на Визуелните уметности, арт и дизајн оваа година подржана е со промоција на две изложби, традиционалната изложба на Фото клуб-Охрид и самостојна изложба на Наташа Гелева под наслов „Излишно“ со вкупно 70 000 денари, велат од Ценатрот за култура.

На наша голема радост, додаваат, оваа година во делот на инвестиции и тековно одржување Министерството за култура доделува средства за набавка на нова светлосна лед опрема за потребите на театарот како и на сите придружни манифестации кои се одржуваат во установата, како и промена на дел од застарената дограма со буџет од 440 000 денари за двете инвестиции.

И покрај сериозните проблеми кои не затекнаа сите нас со пандемијата од Ковид-19, НУЦК „Григор Прличев“ –Охрид, изминатата 2021 година комплетно ја реализира својата програма. – информираат од националната установа

Н.С.Ј.