Погодокот за победа на Еурофарм Работник на дуелот со шведскиот Савехов кој го постигна Мирко Радовиќ е одбран за гол на колото во осмата рунда од фазата групи во Лигата на Шампиони.
Црногорскиот ракометар во пад со удар од земја успеа да го совлада противничкиот голман и да донесе нова радост за битолскиот клуб во ЛШ. „Фармацевтите“ кои се дебитанти во ЛШ стигнаа до вториот триумф во осмиот меч сезонава. Изборот на најубавите голови можете да ги погледнете тука.
На првото место во изборот на најдобри одбрани се најде голманот на Киелце Андреас Волф. Германецот беше нерешлига енигма за ракометарите на Вардар кои претрпеа убедлив пораз во Полска.
Идеален тим 8.рунда:
Лево крило: Магнус Лендин (Кил)
Лев бек: Јосип Шарац (Целје)
Среден бек: Игор Карачиќ (Киелце)
Десен бек: Харалд Рајкинд (Кил)
Десно крило: Алекс Гомез (Барселона)
Пивот: Тијаго Роча (Спортинг Лисабон)
Голман: Андреас Волф (Киелце)
OhridNews