Охриѓанецот Ристе Маркоски со погодок дебитираше во дресот на Брегалница, а првиот настап го зачини со победа над Хоризонт Турново 2-0.

Маркоски, кој одигра 74 минути во триумфот над есенскиот првак во Првата македонска фудбалска лига ја запечати победата откако го постигна вториот погодок за тимот.

Со оваа победа штипските сини најавија добра полусезона откако првата не ја минаа најдобро иако имаа големи амбиции.

Мх.П.