Натпреварот во Штип меѓу Брегалница и Хоризонт Турново во 13-та рунда од Првата лига изобилуваше со (не)фудбалски потези.
Пред крајот на првиот дел гостите го отворија резултат. Стрелецот на голот Сашко Пандев претера со радувањето и заработи жолт картон, втор на мечот автоматски црвен.
Бесот за исклучувањето Пандев го истури врз судијата, кој го удри со бокс. Следуваше прекин од десетина минути на мечот, а по смирување на страстите и Мавров од гостинската екипа заработи црвен картон.
Бројчаната предност на теренот „сините“ ја искористија во 52-та минута кога охриѓанецот Ристе Маркоски од слободен удар ја скина „мрежата“ од пајаците.
Истиот фудбалер во 75-та минута прокоцка шанса за победа на Брегалница откако го промаши ударот од белата точка.
Дисциплинската комисија во ФФМ ќе има полни раце работа по немилите сцени кои рака на срце се поретко се случуваат на фудбалските терени во Македонија.
Мх.П.