Репрезентативецот на Македонија, Езџан Алијоски дефинитивно знае како да прослави погодок а со тоа да ги привлече симпатиите и поддршката од навивачите. Левоногиот фудбалер на дуелот Лидс – Фулам го постигна вториот погодок за домашната екипа во убедливиот триумф 3-0. Алијоски после прославата со своите соиграчи се сврти кон трибините и аплаудираше, алудирајќи дека голот им го посветува на навивачите, кои поради забраната не смеат да доаѓаат на стадионите.
ALIOSKI 2-0 LEEDS UNITED ! pic.twitter.com/z0wA2au9Ha
— Le Football en VOD IX (@LeFootballenVO7) June 27, 2020
Gjanni Alioski thanking the fans for being there ?? #lufc pic.twitter.com/hZ8bwndiaL
— SimplyLeeds (@Simply_Leeds) June 27, 2020
Со победата над Фулам, Лидс направи уште еден чекор напред кон освојување на титулата во „чемпионшип“ дивизијата која гарантира пласман во Премиер лигата.
OhridNews