Охриѓанецот Климент Настоски беше клучен фудбалер со погодок и асистенција во победата на неговата екипа Гренхен 2-0 во дерби средбата со Баден.
Тимот на Гренхен во кој настапува Настоски се натпреварува во третата швајцарска лига и котира на втората позиција на табелата и сериозно се наметнува за влез еден ранг повисоко односно Втора лига.
Охридскиот фудбалер пред почетокот на сезоната се пресели во „ладната“ Швајцарија откако минатата ја помина во Грција.
Мх.П.