“Среда повторно сјае со урбан шмек“ е мотото со кое започна четвртата сезона од најдобрите студентски журки во Охрид. Организаторот на овој настан – кафе и бар “Шила продолжува со остварување на визијата за враќање на градскиот сјај на охридскиот ноќен живот.
За супер-жешка атмосфера се погрижи еден од најбараните Хип Хоп и Р&Б диџеи во Македонија, DJ FACE. Со одличен музички перформанс од квалитетна музика дополнително миксана и “скречована“ ја доведе публиката во “Шила“ до делириум.
Во соработка со Jagermeister, главен покровител оваа сезона, беа доделени 20тина селфи стикови за најсреќните гости. Најдоброто “селфи“ треба да го испратите на фан страната на “Шила“ и сте во игра за гратис шише Јегер за следната студентска.
“Наредна среда продолжуваме со одлична забава со добро познатите промотивни цени, а и овој пат поради ограничениот капацитет и големиот интерес пожелно е резервациите да се направат час поскоро.“ – порачуваат од “Шила“.
Целата фото-галерија можете да ја поглендете ТУКА.
OhridNews