Британскиот принц Хари често го поврзуваат со атрактивни девојки, а последната за која тврдат дека го “украла“ срцето на принцот е актерката Габриел Вајлд, позната по улогата во филмот “Тројцата мускетари“.
Како што пишуваат медиумите, атрактивната актерка не е одушевена од фактот дека би можела да стане дел од кралското семејство.
Хари бил заљубен во Габриел, а и таа го сакала него. Но, била многу внимателна, бидејќи не сака да биде втората Кејт Мидлтон. Воопшто не и се допаѓа идејата да живее под рефлектори и да го пратат секој нејзин чекор.