Ким Кардашијан неодамна ја роди својата прва ќерка, Норт Вест. Од денот на породувањето, Ким ја нема на социјалните мрежи. На првата слика од тогаш, се гледа како Ким спие, а сликата ја објавила нејзината сестра Клои на својата фејсбук страница. 


Фановите на Ким за прв пат имале можност да ја видат Ким како одмара во друштво на Бернард, нејзиното куче. Нема сомнеж дека познатата старлета е исцрпена, како поради обврските околу новороденчето, но не е и тајна дека одлучила да ја дои својата ќерка, а од она што може да се наслушне, тоа и не и претставува проблем.