Жителите на северната полутопка од денеска ќе имаат можност со голо око да ја видат планетата Меркур, како многу сјајна ѕвезда.

Ова ќе биде возможно доколку временските услови бидат поволни.

Меркур е една од најсјајните планети во сончевиот систем, но многу тешко може да се забележи со голо око, посочуваат научниците. Но, постојат периоди кога оваа планета лесно може да се види. Најдобро Меркур ќе се забележува на 5 март, а видлив со голо око ќе биде до 12 март, кога оваа планета ќе се наоѓа помеѓу Јупитер и Венера.

Љубопитните Меркур треба да го бараат на запад во правец на месечината, а планетата ќе биде видлива половина час по заоѓање на сонцето.

OhridNews