На 7 април 2009 година (вторник), во катедралниот храм „Света Софија“ во Охрид , ќе се служи света архиерејска литургија, по повод древната слава на Охридската Архиепископија „Благовештение“.

Со литургијата која започнува во 8.45 часот ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, со митрополитите Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Брегалнички г. Иларион и со повеќемина свештенослужители.

Богослужба тој ден ќе има само во црквата „Св. Софија“.

По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овие празници.

Ohridnews