Најскапиот фудбалер во историјата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба најмалку ќе паузира уште еден месец поради повредата на стопалото. Францускиот репрезентативец се повреди на крајот од септември месец и се уште мака мачи со повредата.

  • Мислам дека на Погба не ќе можеме да рачунаме уште еден месец. Веќе долг период не тренира и ќе му биде потребно време потполно да се опорави. – изјави менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле гунар Солскјер.

„Црвените ѓаволи“, врза две победи на гостински терен совладувајќи ги Партизан во Лигата на Европа и Норвич во Премиер лигата. Манчестер Јунајтед в среда го очекува средба со Челси на Стемфрод Бриџ во англискиот Лига куп.

OhridNews